Има ли спорни тендери во ЈП „Комуналец”? Каква е градската хигиена и како “Комуналец” се справува со кризата!? Директорот Сашo Најдески одговара на сите прашања поврзани со работењето на претпријатието во новото издание на “Напладне” со Адријана Митевска.

Околу обвинувањата за 150 илјади тежок тендер со битолска фирма, Најдески вели како што добро знае јавноста затекнале претпријатие со големи долгови и дотраена механизација односно возила со големи дефекти или целосно вон функција.

Краток беше временскиот период од кога дојдовме на раководна функција за да можеме да набавиме возила од причина што една е финансиската состојба, а второ е временски и да заврши тендерот неможе да се достави на пример една метачка или возило. Точно е дека ЈП има и метачка и цистерна, но нивната поправка не е економски оправдана. Единствен начин и во пресрет на туристичката сезона беше изнајмување на возила. Правиме анализи за наредната сезона да изнајдеме решение за да се купат вакви возила кои се неминовно потребни, вели Најдески.

Додава дека до 15 јули е договорот со фирмата, а доколку се набават возила нема да има потреба да се користистат услугите на фирмата.

Со добра контрола и рационално користење на возила се штеди. Се размислува за некои начини на штедење на електрична енергија. Вработени во претпријатието има 240 со минимална плата, а во ЈП Охридски Комуналец се води електронска евиденција на вработените и редовно доаѓаат на работа. Ако имаме подобра механизација би имале и помал број на вработени, потенцира.

Во однос на кучињата скитници вели дека работат со хуман третман и дека се третирани околу 110 кучиња, но има тренд на носење на кучиња од надвор.

Што се однесува до градската хигиена граѓаните генерално се задоволни, но екосвеста е на ниско ниво.

Факт е дека граѓаните се несовесни, се создаваат многу мини депонии со кои се соочуваме. Досега имаме кренато над 600 мали мини депонии, 26 големи депонии, а кренат отпад 6,5 илјади метри кубни. Се надевам дека еко свеста ќе се подобри, а во комуникација сме и со општината за видео надзор. Ги имаме мапирано позициите каде се создаваат депонииите и редовно ги креваме, но повторно се создаваат, додава Најдески.

OhridNews