Еден еуфоричен и малку поднапиен Британец почнал да го дели наследството од 52 илјади евра на аеродромот во Мајорка. Шпанската полиција го привела пред да го фрли сите пари. Само што допатувал од Манчестер на терминалот започнал да ги дели парите.
Бидејќи се однесувал ирационално и ширел непријатна миризба бил уапсен од полицијата. Кај него биле пронајдени 50 илјади евра во чекови и 2000 евра во банкноти. Ја повикале британската амбасада и откако утврдиле дека парите се негови го вратиле назад во Велика Британија. Тој едноставно бил среќен поради ненадејно добиеното наследство.