Дамјан Масевски е новото засилување за ГФК Охрид Лихнидос, информираат од клубот.

22-годишниот Масевски кој настапува на напаѓачката позиција, потекнува од школата на Работнички, подоцна настапуваше за Кадино и Тетекс, а доаѓа од редовите на кратовскиот Силекс, велат од ГФК Охрид Лихнидос.

Фудбалерите на Охрид изминатиов период одиграа неколку пријателски натпревари во рамки на подготвителниот зимски период каде постигнаа значајни резултати.

OhridNews