Авганистанецот кој во средата со нож нападна и повреди четири лица во центарот на Виена, се обидел да изврши самоубиство во затворската ќелија. Неговата намера ја спречиле чуварите во затворот кои ги презеле неопходните мерки.

Џафар С. (23) е префрлен во болница каде е прегледан, при што е заклучено дека не си нанел сериозни повреди.

Авганистанецот кој во Австрија пристигнал во 2015-та година, со нож избоде трочлено семејство, а подоцна и еден бегалец, бидејќи бил бесен поради условите на живот во земјата.