Многубројни светски медиуми, објавија дека масакрот во Ница го извршил 31-годишен француски државјанин по потекло од Тунис и дека тој од претходно и бил позната на полицијата. Како што се наведува во камионот, чиј возач усмрти најмалку 80, а повреди преку 100 луѓе во Ница, биле пронајдени документи кои му припаѓале на 31-годишниот Французин со туниско потекло, кој живеел во Ница.

Агенцијата Ројтерс наведува дека напаѓачот и бил познат на француската полиција поради сторени кривични дела, но дека тој не бил предмет на обработка на безбедносните служби. Медиумите се повикуваат на неименуван висок службеник во француската полиција, но таа информација официјално не е потврдена.

Најмалку 80 луѓе загинаа, а над 120 се повредени во францускиот град Ница кога напаѓачот најпрвин пукал, а потоа со камион влетал на шеталиштето кое било преполно со луѓе.

OhridNews
извор Макфакс

http://www.ohridnews.com/vesti/98262