Фудбалерите на Реал Мадрид во ефикасен натпревар со шест погодоци славеа против Еспањол со 4-2 и забележаа нова победа на гостински терен во шпанската Ла лига.

„Кралевите“ на дуелот со Еспањол потсетија на најдобрите времиња обезбедувајќи ги трите бодови до 70-та минута од мечот. Карим Бензема го отвори резултат, а на 2-0 зголеми Серхио Рамос. Еспањол се врати во игра после голот на Лео Баптистао но Бензема до крајот на првото полувреме ја врати предноста од два погодоци. Во второто полувреме Герет Бејл погоди за 4-1, а домаќините со нов погодок го ублажија поразот за конечни 4-2.

После 21 одиграни меч во Примера лидер на табелата е Барселона која дури десет бодови има повеќе од Реал Мадрид кој се наоѓа на третата позиција. Измеѓу Барселона и Реал Мадрид е Атлетико кој заостанува пет поени од каталонците.

Резултати: Ваљадолид – Селта 2-1, Жирона – Барселона 0-2, Атлетик Билбао – Бетис 1-0, Реал Сосиедад – Хуеска 0-0, Еспањол – Реал Мадрид 2-4.

Табела: Барселона 49, Атлетико Мадрид 44, Реал Мадрид 39, Севиља 36, Алавес 32…

OhridNews