Сиј Вотс, момчето на Парис Хилтон, било нападнато додека заедно влегувале во судницата во Лос Анџелес. Бил нападнат од непознат човек кој почнал да го дави. Обезбедувањето веднаш притрчало на помош и го привеле напаѓачот. Парис Хилтон пред судот сведочела против напаѓачот кој со два ножа провалил во нејзината куќа минатата година.
Додека напаѓачот Џејмс Реинфорд бил приведуван, тој викал дека ја познава Парис и дека нејзиниот татко Рик Хилтон му дал благослов да ја запроси. Минатиот октомври бил фатен како се метка по поседот на познатата наследничка и бил осуден на три години условна казна