Силите на Црноморската флота соборија беспилотно летало на надворешно сидриште Севастопол, соопшти гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев.
Второто беспилотно летало експлодирало, но не го оштетило објектот кој бил негова цел, додаде Развожаев. Тој претходно на Телеграм напиша дека Црноморската флота одбила напад со дронови на надворешното сидриште на Севастопол.
Денеска, почнувајќи од 3 часот и 30 минути, беше извршен обид за напад на Севастопол. Досега, едниот дрон е уништен од противподморничките одбранбени сили за диверзија, другиот самиот експлодираше. Сè се случи на надворешното сидриште на Севастопол и ниту еден објект не е оштетен. Во моментов во градот е мирно, но сите сили и служби се во состојба на готовност, напиша Развожаев.
Поморскиот патнички сообраќај во Севастополскиот залив е прекинат, додека меѓу северниот и централниот дел на градот е организиран автобуски превоз.
Севастопол е главната поморска база на Црноморската флота и украинската армија се обиде да го нападне со беспилотни летала во неколку наврати во изминатите неколку месеци.
OhridNews