Непознати сторители рано утрово фрлиле два молотови коктели врз Амбасадата на Грција во Белград. Притоа е искршен еден прозорец, а пламенот предизвикал мали оштетувања на објектот. Огнот брзо бил изгаснат и не се проширил во внатрешноста на зградата.
Очевидци во близина на Амбасадата забележале група од пет лица која го извршила нападот врз дипломатското претставништво.