Експлозивна направа беше фрлена во американската амбасада во Киев, но во инцидентот нема повредени, соопшти украинската полиција.Нападот бил пријавен во полицијата синоќа по полноќ по локално време. Амбасадата се наоѓа во централниот дел на населбата Шевченковски.
“Непознато лице фрли експлозивна направа на територијата на амбасадата. Никој не беше повреден во експлозијата”, се вели во соопштението на полицијата, која додава дека истрагата е отворена во однос на овој, како што се оценува, терористички чин.Портпаролка на полицијата во Киев потврди за руската агенција ТАСС дека експлозијата се третира како “акт на тероризам”.
Претставник на американската амбасада изјави за АФП дека Амбасадата продолжува да функционира нормално.
OhridNews
извор Макфакс