Вчера околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, каде се одвивало гласање,  две лица од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир.

Тие, упатиле навредливи зборови а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Димовски.

OhridNews