На 16.09. година околу 13 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, 56-годишно лице од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз полициски службеник кој преземал службени дејствија во сообраќајот. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

Исто така вчера, во 13 часот во ОВР Струга бил пријавен пожар во месноста „Ограда“, атар на струшкото село Велешта. Од извршениот увид констатирано e дека била опожарена нива со површина од 500 метри квадратни со нискостеблеста вегетација, сопственост на жител од селото Велешта. Со интервенција на месното население и Територијалната противпожарна единица од Струга пожарот бил изгаснат.

OhridNews