Генералниот директор на македонско американската компанија АМАК СП и сопственик на повеќе спортски клубови во Охрид, Венко Шапкар и неговата сопруга Марика се повредени во нападот што се случил на Водици во петокот пред ресторанот “Момир“ околу 14 ч.
Како што информираше портпаролот на АМАК СП, Љупчо Танески, на Шапкар кој со својата сопруга и пријатели излегувал од ресторанот „Момир“ со џип „Сузуки витара“ налетал Илија Фармаковски во намера да го прегази со своето возило при што му нанел повреди на нозете. Според тврдењето на Танески, Фармаковски по првиот обид повторно се приближил кон нив по што го напуштил местото. “Компанијата АМАК СП немилиот настан кој што вчера се случи пред ресторанот “Момир“ го квалификува како класичен обид за убиство врз директорот и неговата сопруга“, рече портпаролот Танески.
Љупчо Танески
По извршениот лекарски преглед Шапкар е пуштен на домашнно лекување. Фармаковски е приведен од страна на полиција. Против него е поднесена пријава и му е изречена мерка притвор во траење до 30 дена. Неговото семејство кусо изјави дека целиот случај е наместен и пренапумпан и дека тоа ќе се докаже во правна процедура.
На настанот реагираше и локалната самоуправа која бара да се зголеми безбедноста во градот.