Една канаѓанка од градот Рџтаун била уапсена поради тоа што каснала еден полицаец. До инцидентот дошло бидејќи била сопрена од сообраќаецот поради неважечки регистарски таблички. Подоцна се воспоставило и дека нејзината возачка дозвола исто така е неважечка. Додека полицаецот ги прегледувал нејзините документи, жената побегнала.


Сообраќаецот ја прател седум километри, додека друг полициски автомобил не и го попречил патот. Кога полицаецот се приближил до нејзиното возило таа го каснала за пдлактицата и завршила во протвор со обвиненија за напад на службено лице, бегање од полиција, нанесување телесни повреди, возење без возачка дозвола и возење на нерегистриран автомобил.