Маж со нож ранил неколку лица во германскиот град Минхен, јавија светските агенции. Напаѓачот избегал и во моментов во тек е потрага по него. Нападот се случил околу плоштадот Розенхајмер. Мотивите за нападот засега не се познати.

Полицијата ги повика луѓето што живеат во близина на плоштадот да останат дома и го опиша напаѓачот како маж на возраст од околу 40 години. Тој избегал од местото на злосторството со црн велосипед.

Според германските медиуми, повредените не се во животна опасност.

OhridNews