Напаѓач со мачета повредил три лица,вчеравечер, на станица во метро во Лондон, извикувајќи „Ова е за Сирија“. Како што пренесува британски „Телеграф“, сериозно е повредено едно лице, а на снимката којашто се појави на Твитер се гледаат бројни траги од крв на земјата пред шалтерот за продажба на карти на метрото Лејтонстон, во источниот дел од Лондон.

Полицајците кои биле повикани на лице место го совладале напаѓачот, на кого му е одреден притвор. Полицијата соопшти дека овој напад го третира како терористички напад.

Во соопштението на командата за антитероризам на лондонската полиција се наведува дека во тек е истрагата за овој инцидент. „Ние ова го третираме како терористички инцидент. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени, но да бидат внимателни“, изјавил командантот Ричард Волтон. Полицијата ги повикала сите кои имаат снимки или фотографии од нападот да ја контактираат полицијата.

OhridNews

извор Макфакс