Три лица се повредени, а едно е во критична состојба по нападот во Тулуза, соопшти претставник на Министерството за внатрешни работи на Франција. Нападот се случи пред колеџ во предградие на Тулуза, кога 28 годишен маж намерно со автомобил влетал во група кинески студенти.
Возачот на автомобилот е уапсен на лице место. Се работи за човек кој од порано и бил познат на полицијата како извршител на ситни кривични дела, но не и за акти поврзани со тероризам.
Напаѓачот бил пуштен од психијатриска клиника во 2016 година, каде што лежел по одлука на судот. Случајот ќе се смета за кривично дело и нема да биде испитан од француската полиција за борба против тероризмот.
OhridNews
Макфакс