Најмалку осум лица загинаа кога напаѓач отвори оган пред трговски центар во близина на Далас, во американската сојузна држава Тексас, соопштија рано утринава локалните власти.

Во нападот се ранети седум лица, од кои тројца се во критична состојба. Полицаец кој случајно се нашол во близина го убил напаѓачот.

Нападот се случил во 15:30 часот по локално време во градот Ален, околу 40 километри северно од центарот на Далас. Очевидци велат дека меѓу жртвите има и деца.

Масовните убиства се случуваат со неверојатна фреквенција во САД оваа година, во просек околу едно неделно, според анализата на податоците на АП/Ју-Еј-Еј Тудеј. Оваа годоина во САД има 198 луѓе загинати во масовни убиства.

Тексас им дозволува на своите жители легално да носат оружје без дозвола или обука. Минатиот август, федерален судија го укина законот во Тексас со кој се зголеми старосната граница за носење пиштол од 18 на 21 година.

OhridNews
Фото: Илустрација/Фрипик