Австралиската актерка Наоми Вотс ќе ја глуми принцезата Дајана во новиот биографски филм за несудената британска кралица. Во студиото „Екос Филмс“ навеле дека филмот “Caught in Flight” ќе биде фокусиран на двете последни години од животот на принцезата која во 1997 година загинала во сообраќајна несреќа во Париз. Режијата на филмот му била доверена на германскиот режисер Оливер Хиршбигел, додека сценариото е на Стивен Џефрис.

Според зборовите на продуцентите, филмот прикажува „како вистинската лична среќа која за прв пат ја пронаоѓа, и помага на Дајана да стане еден од водечките меѓународни активисти и хуманитарни работници“. Наоми Вотс, која во 2004 била номинирана за Оскар за улогата во филмот „21 грам“ рекла дека е почестена што била повикана да ја глуми принцезата.