Наоми Ватс вели дека е „апсолутно преплашена“ од тоа да ја игра улогата на принцезата Дијана во претстојниот филм и вели дека дури смета да ја одбие работата.
Таа е британска актерка која израснала во Австралија, и ќе биде дел од актерската екипа на претстојната драма на Оливер Хиршбигел „Фатени во лет“, во која се прераскажува приказната за последните две години од животот на принцезата Дијана која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997-ма година.
Ватс признала дека се двоумела дали да прифати таква висока улога и дека за малку не ја одбила понудата поради нејзиниот страв. Таа кажала дека принцезата е дел од нивната историја, неверојатна жена со фасцинантен, но трагичен крај.
OhridNews