На крајот на една од најинтензивните години во кариерата Наоми Кемпбел замина на одмор во Уругвај, а таму ќе започне со серијата интервјуа кои, за прв пат во улога на новинарка ги работи за машкото списание GQ. Првото интервју веќе го направила со претседателот на Венецуела Хуго Чавез.

„Црниот пантер“ во Уругвај претстојува на велелепниот имот на својот пријател Џузепе Чипријани, а освен што се одмара, договара и интервјуа со најпознатите светски челници кои наскоро во продолженија ќе бидат презентирани во списанието GQ.

По Хуго Чавез Наоми сакала да го интервјуира кубанскиот претседател Фидел Кастро, но се покажало дека за контроверзниот Кастро тоа е сепак „премногу западњачки чекор“. 

Благодарение на бројните познанства кои ги стекнала работејќи во модниот свет и собирајќи средства за бројни хуманитарни организации, Наоми има бројни адути-наскоро пред нејзиниот микрофон ќе застанат Нелсон Мендела и Николас Саркози, а ќе се разговара за сериозни светски прашања, но и на порелаксирани теми.

Уредникот на списанието Дилан Џонс е исклучително задоволен од нејзината досегашна работа, а фактот дека Наоми се обидува да ги добие медиски најбараните светски личности не го смета за никаков проблем: „Таа секогаш со нешто се враќа во редакцијата“.

ohridnews