Јапонката Наоми Осака триумфираше на Австралија Опен. 21-годишната тенисерка во финалето ја совлада Чехињата Петра Квитова со 2-1 во сетови (7-6, 5-7, 6-4) после 2 часа и 30 минути игра.

Осака со победата над Квитова во финалето стигна од првата титула на Австралија Опен, а втора вкупно во кариерата. Таа на тронот се искачи 2018 година на грен слем турнир УС Опен.

Првиот сет и припадна на Јапонката која беше подобар во тај брејкот со 7-2. Во вториот Квитова спаси три меч топки и со пресврт успеа да се врати во игра изедначувајќи 1-1 во сетови. Одлуката во третиот сет падна во третиот гем кога Осака освои гем на сервис од противникот. До крајот Јапонката не погреши на свој сервис со 6-4 го финишираше натпреварот.

Осака има двојна причина за задоволство после победата и освојување на титулата во Австралија Опен, бидејќи ќе биде најдобра тенисерка во светот во најновото рангирање на ВТА листата.

Финалето во женска конкуренција е најава за машкото во кое ќе ги одмерат силите најдобрите тенисери на денешницата Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

OhridNews