Топ моделот Наоми Кемпбел ќе дава љубовни совети во новото телевизиско шоу “The Face”. Таа заедно со Најџел Баркер, колешката Каролина Куркова и Коко Роша, ќе стане ментор на младите манекенки, според кои, како што ветила, нема да биде нималку нежна.
Таа изјавила дека дефинитивно е ментор кој знае се за љубовта. Сака тие девојки да имаат разбирање и автентичност, бидејќи утре ќе излезат во вистинкиот свет на модата. Но, иако ќе ги критикува, ќе знае и тоа како да ги награди. “The Face” е шоу кое ќе ја открие идната модна ѕвезда, а Наоми истакнала дека трага за некоја слична на неа.