Растргната помеѓу бројните обврски и честите прекуокеански патувања со авион, Наоми Кемпбел задремала на сред едно интервју. Познатата манекенка во Лондон дала неколку интервјуа во рамките на промоцијата на своето модно риалити “The Face”.
Таа полетно го започнала разговорот со новинарот на таблоидот „Сан“, но по само пет минути ја совладал сонот. Задремала оставајќи го својот соговорник потполно збунет. Подоцна, за време на интервју на станицата „Радио Тајмс“, манекенката се извинила, како објаснување наведувајќи го згуснатиот распоред на обврските.