Актерот Идрис Елба наводно ја прекина врската со долгогодишната партнерка Најана Гарт, а причина за тоа е наводно супермоделот Наоми Кемпбел. Маркантниот актер кој се прослави со улогата на детектив во британската серија „Лутер“ и кандидат за Џејмс Бонд, ја прекина долгогодишната врска во која го доби синот Винстон.
Елба наводно се исели од заедничкиот стан, но само неколку улици подалеку, за да може да биде во постојан контакт со синот. Раскинувањето не претставува изненадување со оглед на тоа што Елба во последно време доби бројни награди, а ниту еднаш не и се заблагодари на партнерката на поддршката. „Дејли Мејл“ пишива дека Идрис овие дена повеќе пати бил виден со Наоми Кемпбел и дека тие двајца станаа повеќе од пријатели.