Наоми Кемпбел започнува со снимање на ново модно реално шоу “The Face”, во кое непознати девојки ќе добијат можност да станат познати супермодели. Наоми до скоро и самата беше една од најпознатите светски манекенки, а сега ќе бара нови лица кои ќе шетаат по светските модни писти.


Освен што ќе одлучува за судбините на девојките кои сонуваат кариери како супермодели, Наоми на девојките ќе им биде ментор, и со своите совети ќе им помага да се пласираат што повисоко на натпреварот. Со учеството во ова шоу им се придружила на колешките Хајди Клум и Тајра Бенкс, кои веќе воделе слични проекти.