Наоми Кемпбел оваа година слави 25 години од својата работа. Дизајнерската куќа Долче и Габана поради тоа одлучила последната ревија на модната седмица во Лондон да и ја посвети токму неа. Освен тоа дизајнирале и црно-бели маички со нејзиниот лик додека имала 20 години.


Воодушевената манекенка гордо позирала со маичката во рацете. Некои од посетителите веќе имале исти такви маици. Многу славни личности дошле на ревијата на Долче и Габана. Меѓу посетителите не била Мадона, која во последно време е нивно главно заштитно лице.