Познатата манекенка Наоми Кемпбел конечно открила што е тоа што ја наведува на агресија. Таа е позната по својот заносен чекор на модните писти ширум светот, но и по физичките пресметки кои ги имала со луѓето од нејзината околина.
Неколку асистентки ја тужеле за малтретирање, а дури и била осудена на општокорисна работа, како би била казнета за својата невнимателност. Неодамна одлучила да оди на терапии, а открила дека претходно користела кокаин, кој во неа будел негативни особини, а една од нив била и агресивноста. Сепак, сега кога е верена и мирна на емотивно поле, повеќе не и треба дрога па решила да се тргне од порокот кој ја следел во минатото.