Супермоделот Наоми Кемпбел која има 43 години, уште еднаш покажала, овој пат за списанието „Шејп“, дека во петтата деценија од животот нема ниту сало ниту целулит. Тајната за витката фигура ја открила во интервју за истото списание.
Рекла дека не се изгладнува. Тоа не го правела никогаш па нема ни сега. Поактивна е кога е на диета со сокови , а секојдневно вежба јога и пилатес. Верува дека и помага и топлата вода со лимон која ја пие наутро, како и здравата храна со многу овошје и риба.