Неприкосновената црна убавица Наоми Кемпбел, која има 45 години, го покажа своето тело во нова линија долна облека. Владееше со модните писти повеќе од 15 години, правеше скандали, ги менуваше најинтересните мажи, ја покажуваше и не така добрата страна од својот карактер… 

И кога сите помислија дека кариерата конечно заврши, таа повторно се врати. Наоми Кемпбел самата дизајнира нова линија секси долна облека за еден познат светски бренд, и се разбира, и самата го рекламира. А нејзиното тело испраќа порака дека не му е јасно зошто воопшто паузираше. Наоми после новите фотографии можеби од првите редови во публиката повторно ќе се пресели на пистата.