Манекенката Наоми Кемпбел планира свадба со рускиот бизнисмен Владимир Доронин. „Црниот пантер“ и нејзиното момче минатиот викенд отпатувале на грчкиот остров Крит и таму ја прославиле веридбата која се случила неколку дена претходно. Една од најплатените манекенки на светот не можела да го сокрие возбудувањето на забавата која таа и Владимир ја приредиле за наблиското семејство и пријателите.


Наоми Кемпбел се фалела со прстенот кој и блескал на раката, а прославата на нивната љубов била завршена со огномет. Наоми и Владимир се забавуваат веќе три години, а тој поради згодната манекенка ја оставил сопругата со која бил во брак десет години. Кемпбел неодамна во едно интервју изјавила дека обожава мажи со кои не мора да манипулира, а посебно истакнала дека сака да има деца со рускиот бизнисмен.