Од интернетот константно се бришат интимни детали од приватниот живот на манекенката Наоми Кемпбел, како што се детали од нејзината врска со боксерот мајк Тајсон, делови од нејзините обвиненија поради нападот на асистентката и лошите критики на нејзиниот музички албум од 1994 година “Babywoman”.

 

Албумот критичарите го нарекле целосно промашување, а ПР експертите велат дека Наоми Кемпбел плаќа тим луѓе кои секојдневно бришат статии кои ја дискредитираат. Манекенката е на глас како тешка жена, со тежок карактер која лесно избувнува. Наскоро на американската телевизија ќе почне да се емитува реалното шоу „Јас сум Наоми Кемпбел“ кое ќе го следи нејзиниот секојдневен живот.