Наоми Кемпбел и Камерон Диаз во неделата ноќта се забавувале во ноќниот клуб Мист во Лондон. Многумина биле изненадени од нивното заедничко излегување, бидејќи не било познато дека актерката и манекенката се толку добри пријателки. Најмногу од се шокрал гестот на секогаш дивата Наоми, која овој пат ја покажала својата дарежлива природа. Келнерката која ги служела била шокирана бидејќи Наоми и оставила напојница од 8000 долари.
Камерон која моментално се наоѓа во Лондон поради снимањето на филмот ‘The Green Hornet’ и манекенката пред да одат во ноќниот клуб биле на вечера во ресторанот Ноба, каде им се придружиле момчето на Диаз, Алекс Родригез и пријателот на Наоми, Роберт Хансон. Веселото друштво потоа продолжило да се забавува во ноќниот клуб до раните утрински часови пиејќи водка и шампањско.