Британската манекенка Наоми Кемпбел организира во Кан модна ревија во корист на жртвите од земјотресот и цунамито во Јапонија. Ревијата која ја организира преку својата добротворна фондација ќе се одржи недалеку од седиштето на меѓународниот филмски фестивал, кој ќе трае до 22 мај.
Тема на ревијата ќе биде црвениот тепих, поради што, како што изјавила манекенката, било одлучено да се одржи во Кан. Организацијата на Наоми Кемпбел првата добротворна модна ревија ја одржала 2005 година и оттогаш успеала да собере 7,2 милиони долари.