Наоми Кемпбел изјавила дека таа не знае нити дали е жив нејзиниот татко, кој неа и мајка и ги напуштил додека таа сеуште била бебе. Славната манекенка никогаш не го запознала татко си, а како што вели, нема ниту да се обиде да го запознае од почит кон нејзината мајка Валери, која имала само 18 години кога останала сама со Наоми.
Размислувала за тоа да го пронајде, но не сакала да ја повреди својата мајка. Та вќе доволно поминала во животот. Ја добила битката со ракот, се соочила со многу предизвици и не сакала да и задава уште емоционални удари. И покрај тоа што растела без татко, таа истакнала дека имала среќно детство.