Супермоделот Наоми Кемпбел го повредила лигаментот на ногата откако била нападната и ограбена во Париз. Манекенката била нападната од група разбојници додека се обидувала да фати такси во француската престолнина.
Извор близок на Наоми рекол дека било страшно. Напаѓачите чекале момент да остане сама. Според истиот извор, таа била повредена кога разбојниците ја турнале на земја, поради што била многу вознемирена и потресена. Момчето на Наоми, рускиот милијардер Владимир Доронин по овој настан го зголемил обезбедувањето на манекенката.