Манекенката пред 13 години во Јужна Африка на подарок добила небрусен дијамант. Сега Наоми ќе мора да сведочи во Хаг против поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор. Тој наводно со парите од дијамантите ја финансирал војната во Сиера Леоне.
Тој според обвинението ги вооружувал бунтовниците во Сиера Леоне во замена за таканаречените „крвави дијаманти“. Тој тврди дека никогаш не поседувал дијаманти, но обвинителството дознало дека токму таков дијамант и испратил на манекенката како подарок. Манекенката го примила дијамантот 1997 година кога била во посета на Нелсон Мандела.