Наоми Кемпбел резервирала едномесечен годишен одмор со рускиот олигарх Владислав Доронин и го нарекла меден месец. Со оглед на тоа дека сеуште не се венчани останува отворено прашањето дали манекенката сака да каже дека наскоро ќе се омажи.
Извор близок на парот наведува дека парот во текот на одморот ќе патува исклучиво со приватни авиони и ќе отседнува само во најдобрите хотели. За одморот одвоиле околу еден милион евра.