Владислав Доронин, свршеникот на Наоми Кемпбел на манекенката ќе и ја подари палатата Контарини Фасан во Венеција. Палатата е изградена 1475 година и е сместена покрај венецијанскиот Канал Гранде.
Ја нарекуваат и „Куќата на Дездемона“ по шекспировиот лик од трагедијата Отело. Свршеникот наводно одлучил да и ја купи палатата по големиот стрес кој го претрпела кога морала да оди на сведочењето во Хаг за „крвавите дијаманти“.