Топ моделот Наоми Кемпбел успешно им одолева на годините. Една од најславните манекенки заблескала пред неколку дена во сив фустан со длабоко деколте во Лондон на добротворна вечера за помош на земјите кои се борат со еболата.

 

Многубројни дизајнери донирале облека за оваа хуманитарна акција, а организатор на настанот била токму Наоми, која признала дека со годините го омекнала својот „жежок“ карактер. Можеби станала поблага, но, што се однесува до изгледот, што е постара толку е поубава, баш како и виното.