Супермоделот Наоми Кемпбел била на строга диета пред да се појави во жирито на реалното шоу ‘The Face’ во кое се избира најубавиот модел. За што подобро да изгледа на малите екрани неколку седмици јадела само белковини и овошје.

Таа признала дека многу здраво се хранела и додала дека не и било многу лесно, но морала да се грижи за исхраната пред се поради појавувањето пред камерите. Рекла дека со своето искуство и советите сакала да им помогне на моделите да изградат успешна кариера.