Можеби има полни 44 години, но Црниот пантер и понатаму е вистинска мачка! Ревијата на францускиот моден дизајнер Жан Пол Готие била и повеќе од успешна, а токму како што тој со децении владее со модните писти, така не се дава ни славната манекенка Наоми Кемпбел.
По се изгледа црномурестата убавица пронашла елксир на младоста, бидејќи со своите 44 години изгледа фантастични. Ги проештала своите вретенасти долги нозе по пистата на седмицата на висока мода, а кога таа ќе зачекори, тешко е да се гледа во било што друго.