Манекенката Наоми Кемпбел наводно е во врска со поранешното момче на Лупита Нјонго, Мајкл Фасбендер, јавуваат медиумите. Недолго после прекинувањето со Владимир Доронин, Наоми пронашла нова љубов и тоа токму во прегратките на ѕвездата на филмот „12 години ропство“.

Се шушка дека ова е првиот човек кој успеал да ја освои искусната манекенка откако богатиот русин и го скрши срцето. Близок извор открил дека се запознале во Лондон минатата седмица и дека помеѓу нив веднаш проработела хемија. Договориле состанок во еден ресторан, а веќе истата ноќ се бакнувале пред сите.