Рускиот милијардер Владислав Доронин и подарил на својата девојка Наоми Кемпбел вила која неодоливо потсетува на вселенски брод. Градбата со површина од 2650 метри квадратни била направена во московското предградие Рубљовкуи и сеуште не е довршена, но Влад се надева дека наскоро ќе може да ја всели својата сакана. Доронин за дизајнот на куќата ја задолжил познатата британско-арапска архитектка Заха Хадид, која е позната по футуристичкиот стил за своите идејни решенија.
Дизајнот на куќата изгледа како да е инспириран од вселенските бродови од Ѕвездени Патеки, со две 20-метарски кули кои се издигнуваат над куќата како команден мост на меѓуѕвездените бродови. Во подрумот на куќата ќе има финска сауна, турска бања, приватна теретана и гостинска соба. Во приземјето, куќата ќе има соба за прием, затворен базен и кујна. Во куќата исто така се предвидени и две детски соби.