Британскиот супермодел Наоми Кемпбел примила во Њујорк награда за добротворна работа која и била доделена од фондацијата „Габриел Ејнџел“. Славната манекенка, која наградата ја примила на годишниот „Ејнџел“ бал, изјавила дека признанието на едно така важно поле многу и значело.


Иако имала проблеми со законот и условно била казнувана, официјалните лица имале само пофални зборови за неа. Наоми Кемпбел им помогнала на жртвите од земјотресот на Хаити и донирала пари за истражување на ХИВ-от.