Супермоделот Наоми Кемпбел не престанува да интригира со совршениот изглед. Црномурестата манекенка го покажала своето сексипилно тело во најновата кампања за долна облека на британскиот бренд Агент Провокатор, чие е заштитино лице. На една од фотографиите Наоми позирала баш како агент, кој провоцира, во секси долна црна облека, со лисици во рацете, спремна во секој момент некого да уапси.
Нема сомнение дека многу мажи би посакале токму таа да ги „приведе“ односно да се најдат во нејзините канџи. Само црниот градник кој Наоми го носела на себе чини 160 евра. Водечките луѓе на овој бренд по кој лудуваат холивудските ѕвезди, нагласиле дека Наоми е совршена за кампањата, бидејќи е жена со фатален изглед, со инстикт на убиец.