Обликот на лицето диктира која фризура најдобро ни стои, но и начинот на кој би требало да ја нанесеме шминката. Не е исто да се става шминка на округло или срцевидно лице. На што најмногу треба да обрнеме внимание за перфектно нанесување на руменилото или како правилно да ги обликуваме веѓите? Постојат многу стручни совети за нанесување на шминка, но често ги занемаруваме или го прескокнуваме најважното на што треба да се обрне мнимание – обликот на лицето. Еве неколку совети со кои ќе може да го истакнете најдоброто, но и да сокриете по некој недостаток на своето лице.
Нанесување на руменило
Додека некој сака розе нијанси, други претпочитаат портокалови или кафеави, но во секој случај нанесувањето треба да се започне ја јаболчниците. Ако имате овално лице и сакате да постигнете природен изглед, тогаш руменилото единствено треба да се стави на јаболчниците, додека девојките со издолжено лице треба да нанесуваат руменило во линија од средината на јаболчниците накај ушите. Во случај вашиот облик на лице да е округол, избегавајте руменилото да го ставате во близина на носот, а девојките со коцкесто лице треба да нанесуваат од јаболчниците према очите, бидејќи на тој начин ќе го “подигнат“ лицето.
Веѓи и усни
При обликувањето на веѓите исто така треба да се водите од обликот на лицето. Дебели веѓи, кои во последно време се популарни, одлично им стојат на девојките со коцкест облик, а оние со издолжено лице подобро изгледаат со тенки и рамни веѓи. Изразен лак најдобро стои на срцевидно лице, а жените со округол облик со благ лак, кој на тој начин им го отвара лицето.
Голем број на жени не размислуваат за тоа која боја или нијанса кармин ќе стават, бидејќи сметаат дека тоа зависи исклучиво од нивната волја. Сепак, обликот на лицето го диктира и тоа.Кај округлото лице најдобро стојат црвените или розеви тонови, додека срцевидниот облик се спојува со темни нијанси. Ако имате коцкест облик, тогаш претпочитајте меки и бледи нијанси, а издолжените лица најсреќни се во комбинација со природните тонови на кармини.
Што да нагласите
Веројатно од повеќето експерти безброј пати сте чуле дека секогаш при шминкањето нешто треба да нагласите. Секогаш се се врти околу одредени точки. Жените со округло лице треба да ги изразат очите. На очите би требало да се фокусираат и оние со срцевидно лице, додека жените со овално и коцкесто лице треба да му придадат важност на руменилото. На тој начин на своите симетрични лица ќе стават акцент на средниот дел.