Францускиот кошаркар Нандо де Коло е најновиот член во тимот на деценијата во Евролигата.
32-годишниот кошаркар местото помеѓу најдобрите го обезбеди со маестралните настапи во петте сезони во дресот на ЦСКА Москва. Французинот со „армејците“ стигна до две титули во Евролигата (2016 и 2019 година), а во 2016 година беше прогласен за најдобар кошаркар на финалниот турнир.
На почетокот од деценијата, Де Коло играше во Валенсија. Потоа, се пресели во НБА каде мина три сезони. Две играше во Сан Антонио а една во Торонто. Следеше кам бек во Европа и преселба во ЦСКА Москва, а од оваа сезона тој е дел од турски Фенербахче.
Претходно во тимот на деценијата одбрани беа Лука Дончиќ, Милош Теодосиќ, Хуан Карлос Наваро и Димитрис Дијамантидис.
OhridNews