Охридскиот менаџер Кирил Трендафилов Нанче се наоѓа на чело на Тотал тв – Македонија, која од неодамна започна да ги нуди дигиталните телевизиски пакети и во нашата земја.

– Сервисот на Тотал тв во Македонија ќе понуди околу 200 слободни и кодирани канали, меѓу кои и 53 најпопуларни домашни и странски телевизии во дигитална верзија и со исклучителен квалитет на прием на целата територија на земјата, вели во изјава за „Оhridnews“, Трендафилов.

Сигнал Тотал тв има и во Охрид, каде веќе функционира дилерска мрежа. Понудата на овој дигитален оператор, според Нанче, ќе донесе нов квалитет во телевизиската понуда.

– Квалитетот на сликата ќе биде во врвна дигитална технологија, а пакет услугите кои ќе ги нуди Тотал тв покрај дома корисниците ќе можат да ги користат и на друго место, како на пример во викендичка, затоа што ресиверот кој ќе го добијат во пакетот е мобилен и може да се пренесува, објаснува Нанче.

Во понудата на Тотал тв уште се наведува дека сите странски телевизиски канали  се со превод, а опремата која се нуди во пакет понудата е бесплатна.

Ohridnews