Кандидатот за градоначалник на ГДУ Михаил Трендафилов Нанче ги критикуваше политиките на досегашните локални власти на Охрид за односот кон Григор Прличев и неговото спомен обележје во центарот на градот, во чија непосредна близина се поставени подземни и надземни контејнери за ѓубре.
Тој најави дека доколку ја добие поддршката од граѓаните на тоа место ќе никне парк на Прличевите беседи.
„Е мој Григоре Прличев… Кај ти е местото? Овие зборуваат за реновирање на плоштади кои се нови, и едниот и другиот, а тебе овдека те ставија до контенјериве за ѓубре. Заслужуваш ли ти лауреат, ти во кој сите се крстиме во тебе, а оставен овдека како на буниште. Јас кој не сум достоен ни да ја допрам твојата рака, ветувам од мене дека на овој простор ќе се роди најубавиот парк, Прличевиот парк, паркот на прличевите беседи.“ – вели Нанче во видео обраќањето кое може да го погледнете ТУКА.